На 21 Јануари 2022 година, претставници од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Скопје, г -дин Милисав Јованоски, директор и г-ѓа Фредерика Тасевска, наставник, имаа чест да бидат гости во утринската програма на ТВ Сител, „Ја сакам Македонија“ со цел презентација на целите и задачите на проектот ПРЕДИКТ. Зборуваа за активностите, како и многубројните придобивки од проектот за децата, младите и особено за лицата со оштетен слух.
Истакнаа дека за прв пат се креирани отворени образовни ресурси, видео материјали, прилагодени за лицата со оштетен слух, преведени на Македонски знаковен јазик, како и веб страната на проектот, како прва веб страна исто така прилагодена за лицата со оштетен слух.
Повеќе информации