EN | MK | ES | BG

Вести

Вести

[Back]


Реализирани проектни активности од Еразмус + проектот ПРЕДИКТ

2021-11-02

На 28 и 29 октомври 2021 година во Софија, Р. Бугарија претставници од Воена академија и партнерските институции одржаа две работни активности (транснационален проектен состанок и мултипликативен настан) во рамки на проектот ПРЕДИКТ- Превенција од катастрофи ИКТ (Информатичка и компјутерска технологија) од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската унија (КА 201 - Стратешко партнерство за училишна едукација).
Состаноците беа организирани од страна на Главната дирекција безбедност при пожари и заштита на населението од Софија, Р.Бугарија.
На транснационалниот состанок партнерите во проектот претставници на институции од Р.С. Македонија, Р. Бугарија и Кралство Шпанија, дискутираа за досега реализираните проектни обврски, како и за планираните активности во наредниот период.
На мултипликативниот настан во две одделни работни сесии присутните (претставници од училишта и од други институции блиски до проблематиката која се обработува во проектот) беа запознаени со целите и активностите на ПРЕДИКТ проектот. На овој настан исто така беше извршена дисеминација пред учесниците на наставните содржини за обука на децата, младите и лицата со попреченост во случај на поплави, пожари и земјотреси.



Повеќе информации