Home Конзорциум
Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ -Скопје, придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип како единствена воена високообразовна и истражувачка Институцијата во Република Северна Македонија има основна улога да спроведува истражувачка работа, едукација, обука и квалификување на персоналот за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Систем за управување со кризи и Системот на заштита и спасување. Воената академија овозможува универзитетски студии во три циклуси (додипломски, магистерски студии и специјализации, и трет циклус докторски студии). Воената академија активно учествува во проектите на ЕУ и НАТО и тие се најдобро показател во координирањето на односите со регионалните чинители како и соработката со крајните корисници и партнерите. Мрежата на експерти и институционалното и регионалното во развојот на научната мисла се силните точки на Воената академија. Во период од 2015-2018 година, Воената академија е партнер во проектот „СИАРС“ финансиран од програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“ ; Во период од 2017-2019 година е партнер во проектот АСПирес доделен од Генералниот директорат на ЕУ за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош (ГД ЕЦЗХО). Во период од 2019-2020 е координатор на проектот PREvention of Disasters ICT (Informatic and Computer Technology) „PREDICT“ (мак. Превенција на катастрофи ИКТ (Информатичко и
Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје е училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух. Основна дејност на Центарот е: образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух од РМакедонија. Во Центарот се образуваат и оспособуваат кадри во следниве струки и образовни профили: - машинска – образовен профил: машински техничар, обработувач на метал и бравар – заварувач - текстилна – текстилен техничар, конфекционер Учениците по завршување на образованието во Центарот се стекнуваат со диплома за завршено средно стручно тригодишно и четиригодишно образование. Поради посебните потреби на учениците, школувањето во Центарот трае четири години за тригодишно и пет години за четиригодишното образование. Фактот дека Државнот училишен центрот за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” е единствено училиште на територијата на Република Македонија кое обезбедува средно стручно образование и обука на учениците со оштетен слух, само по себе имплицира специфичен приод и работа со учениците. Целта на Центарот е да се обезбеди квалитетна настава и обука според потребите и можностите на учениците, при што е неопходно иницирање на инвентивност и креативност кај целокупниот наставно-воспитен кадар. Наставата се реализира според претходно подготвените програми одобрени од МОН. Основни форми за реализирање на програмските содржини се редовната теоретска настава и практичната настава. За вршење на својата дејност Државниот училишен центар за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” - Скопје располага со два наменски изградени објекти - училишна зграда и ученички дом. Изминатиов период се карактеризира како период на постојан подем, создавање на квалитетни услови за реализирање на содржините на дејноста, обезбедувајки просторни услови, материјално-техничко опремување, обезбедување на современи нагледни-дидактички сретства, технички апарати и помагала што е од особена важност за оваа категорија ученици. Училиштето како комплексен динамичен систем претставува важна општествена институција. Новите општествено-политички и економски промени во Републиката, како и промените во опкружувањето наметнаа нови погледи, содржини, верување и однесување но и многу дилеми и предизвици во остварувањето на образовниот процес. Кон овие промени треба да се додаде и процесот на децентрализацијата на образованието што од своја страна наметнува промени во повеќе сегменти на образовниот систем. Условите на стопанисување и високите стандарди бараат добро организирани училишта во кои ќе се одвива квалитетно образование, односно училишта кои имаат јасна визија за својата иднина. МИСИЈА Социјализација, оспособување за самостојно извршување на работните задачи и интегрирање во работните процеси, овозможување и оспособување за вклучување во високо образование. ВИЗИЈА Со унапредувањето на професионалниот развој на наставно-воспитниот кадар и со примена на информатичката технологија ќе го подобриме квалитетот на наставата за оваа категорија ученици-со оштетен слух, со акцент на поттикнување на креативноста и индивидуалниот потенцијал кај учениците и подобрување на успехот во нивниот стручен развој како иден квалитетен кадар на пазарот на трудот. Од ова произлегува дека визијата на Центарот е: добро организирана, материјално – технички опремена и кадровски екипирана воспитно-образовна установа.
IT Solutions for all е непрофитна организација со седиште во Малага, Шпанија, која има за цел промовирање на обука за (Информатичко Компјутерски Технологии) ИКТ технологии за лица со недоволни квалификувани и лица и со попречености. Мисијата на IT Solutions for all е да обезбеди бесплатни технолошки, консултантски услуги и интегрални решенија во областа на информации, комуникација и алатки за управување на лица со попреченост, со цел да ги зајакне основните ИТ знаења во современите технички услови. Визијата на IT Solutions for all е постигнување краткорочни одржливи влијанија во областа на дигиталните вештини и ИТ решенијата, со ефикасно управување со ресурсите, активно учество на заедницата и вклучување на јавните институции. Во Малага, IT Solutions for all спроведуваат различни активности за да се пренесе идејата за подобрување на квалитетот на живот со користење на ИКТ ресурси Ние им помагаме на поединците да работат поефикасно и поефективно и да даваат подобри резултати. Ние веруваме и создаваме на Интернет како позитивен ресурс за милиони луѓе секој ден. Да им помогнеме на луѓето да „подобрат работа, подобар живот“ е нашата заедничка цел и начинот на кој придонесуваме во општеството. Ова е она што го правиме, ова е она за што се грижиме, ова е се што ние знаеме.
Дирекцијата за заштита од пожари и цивилна заштита е дел од Министерството за внатрешни работи на Бугарија (DGFSCP-МВР). Станува збор за тело кое административно е организирано на централно и на регионално ниво, со 28 територијални структури кои функционираат во секој географски регион (област) на земјата. Дирекцијата за заштита од пожари и цивилна заштита е национална специјализирана структура одговорна за безбедност од пожари, спасување и заштита во случај на катастрофи. Нејзини главни активности се: • Превенција и контрола; гаснење на пожари и контрола на пожарите во државата, активности за спасување; • Активности за спасување и санација, оперативна заштита во случај на поплави и активности за пребарување и спасување; • Заштита во случај на инциденти и несреќи со опасни материи и материјали и ублажување на еколошки инциденти; • Рано предупредување и алармирање во случај на катастрофи и воздушна опасност за извршната власт и населението; • Заштита на граѓаните во случај на „воено време“ или „вонредна состојба“ во согласност со Женевските конвенции; • Оперативна соработка со структурите на ЕУ и НАТО и други меѓународни организации во областа на безбедноста од пожари и цивилна заштита, хуманитарна помош и цивилно-воено планирање на вонредни состојби.
Мото на училиштето "Училиштето-дом во кој градиме почит,доверба и соработка" -Основното училиште “Стив Наумов” е лоцирано во источниот дел на градот Скопје и е основано во 1948год. - Денес, OОУ "Стив Наумов" е деветгодишно училиште во кое образование стекнуваат околу 890 ученици, 55 наставници, педагог, психолог и дефектолог се дел од образовниот процес во нашето училиште -Наставниците имаат обуки, поддршка, фелксибилност и ресурси за да ги поддржат и поттикнат сите учениците со различни потреби и стилови на учење -Тие ги подобруваат своите вештини преку континуиран професионален развој Наставата во училиштето се организира како: - редовна-со примена на активни методи на работа и современа технологија; - дополнителна - за ученици кои имаат потешкотии во совладувањето на задолжителните содржини; - додатна - за оние кои сакаат да научат повеќе; - изборна настава; - слободни ученички активности Училиштето располага со: -добро опремена библиотека која им нуди на учениците можност за бесплатно користење на книгите - кабинети по: хемија, физика,биологија, информатика, ликовно и музичко образование - современа спортска сала - фудбалско игралиште со вештачка трева -асистивната технологија е исто така дел од наставата Мисија на училиштето Поттикнување на критичкото мислење кај учениците во процесот на учење согласно нивните способности и можности и оспособување за соживот во мултиетничко општество Визија на училиштето Ќе ги подобруваме постигнувањата на учениците преку примена на современи образовни приоди, притоа почитувајќи ги нивните индивидуални можности и способности со цел промовирање на нивните знаења во локалната и пошитоката мултиетничка заедница. Приоритети 1. Работа со ученици со потешкотии во учењето и ученици со посебни образовни потреби 2.Развивање вештини за решавање проблеми преку критичко мислење Во училиштето се реализираат следниве проекти: -Еколошка едукација во македонскиот образовен систем -Проект за меѓуетничка интеграција во образованиетo -Зајакнување на детските капацитети за превенција од насилство -Училиште на 21 век -Еразмус+-К1 и К2 -Ка101 партнер училиште со основно училиште “Крум Тошев”. Целта е подигање на свесноста за инклузивно образование -Меѓународен проект Претприемичко образование, размена на искуства и идеи со oсновни училишта од Хрватска Инклузивно образование -Еден од приоритетите на училиштето е имплементација на инклузивно образование кое ќе обезбеди подобар квалитет на образование на учениците и ќе му овозможи на секое дете да развие позитивен став како за себе така и за другите,без разлика на разликите, културата и можностите -Училишниот тим за инклузија подготвува инклузивна програма и изготвува индивидуални образовни програми за секој ученик со посебни образовни програми, во зависност од ниеговите можности и интереси -Нашето училиште доста успешно го практикува инлузивното учење, што значи дека активно ги вклучува децата преку користење на различни начини на учење и промовира разновидност Активности на учениците -Ученичкиот парламент зема активно учество и ги застапува и промовира правата и интересите на учениците, ги промовира активностите на учениците и дава идеи за воннаставни активности -Исто така учествува во евалуација на училиштето -Организира и зема учество во, хуманитарни активности, еко активности и корисна социјално продуктивна работа -Учениците и нивните родители учествуваат во поставување на целите на учење и учествуваат во донесување на одлуки кои ги засегаат нив