EN | MK | ES | BG

мултипликативен настан

мултипликативен настан

Реализирани проектни активности од Еразмус + проектот ПРЕДИКТ

На 28 и 29 октомври 2021 година во Софија, Р. Бугарија претставници од Воена академија и партнерските институции одржаа две работни активности (транснационален проектен состанок и мултипликативен настан) во рамки на проектот ПРЕДИКТ- Превенција од катастрофи ИКТ (Информатичка и компјутерска технологија) од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската унија (КА 201 - Стратешко партнерство за училишна едукација). Состаноците беа организирани од страна на Главната дирекција безбедност при пожари и заштита на населението од Софија, Р.Бугарија. На транснационалниот состанок партнерите во проектот претставници на институции од Р.С. Македонија, Р. Бугарија и Кралство Шпанија, дискутираа за досега реализираните проектни обврски, како и за планираните активности во наредниот период. На мултипликативниот настан во две одделни работни сесии присутните (претставници од училишта и од други институции блиски до проблематиката која се обработува во проектот) беа запознаени со целите и активностите на ПРЕДИКТ проектот. На овој настан исто така беше извршена дисеминација пред учесниците на наставните содржини за обука на децата, младите и лицата со попреченост во случај на поплави, пожари и земјотреси.

Прочитај повеќе

Project Predict. мултипликативен настан 1

Во рамки на проектот: Превенција од катастрофи ИКТ (информациско и комуникациски технологии) кој се реализира во рамки на ERASMUS+ програмата на Европската Унија (KA201-Strategic Partnership for school education), на 26.11.2020 година во хотел Holiday Inn во Скопје се реализира мултипликативен настан. За време на Мултипликативниот настан се изврши презентација на резултатите од истражувањата добиени во рамките на Интелектуалниот труд 1 „Креирање на методолошка рамка (теренско и деск-топ истражување) за инклузивни обуки на деца, млади лица и лица со попреченост“. Резултатите кои беа презентирани се однесуваа на анализи на наставните програми во основните, средните и специјалните училишта во Македонија, Шпанија и Бугарија, полуструктуирани интервјуа со експерти од училиштата и од институции за кризен менаџмент, заштита и спасување во секоја од наведените држави, како и истражувачки прашалници пополнувани од страна на испитаници со и без попреченост во својство на студенти и ученици во основните, средните и специјалните училишта во секоја од државите На настанот поред претставниците од институциите партнери во проектот присуствуваа и претставници од: Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Дирекција за радиолошка безбедност, претставници од Универзитетот св. Кирил и Методи, институт за дефектологија, претставници од Универзитетот св. Климент Охридски, Факултет за безбедност, претставници од средните школи, претставници од основните школи, претставници од невладините организации. Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски” е институција носител на овој меѓународен проект во кој како партнери учествуваат ИТ компанијата ,,IT FOR ALL” од Малага, Шпанија, Дирекција за безбедност и заштита на населението од Софија, Бугарија, како и ОУ ,,Стив Наумов,, од Скопје” и ДУКОР ,,Партенија Зографски” од Скопје. Координатор на проектот е м-р Никола Клетников од Воената академија. Целта на проектот е да се овозможи подобрување на инклузивниот пристап и неселективното учество на децата, младите и лицата со попреченост во превенција и учество во справување со кризни ситуации и закани преку формално и неформално образование, обука, како и преку креирање на мобилна апликација прилагодена на различни возрасни групи и различни видови на попреченост.

Прочитај повеќе